26/04/2024

Посета на претставници на проектот на EU-Erasmus+

Во работна посета на Дирекцијата за заштита и спасување, денес престојуваа претставници од универзитетите кои се вклучено во проектот  на EU-Erasmus+, насловен како Knowledge for resilient society K-FORCE, и тоа: проф. д-р Властимир Радоњанин, професор на Факултетот за технички науки при Универзитетот во Нови Сад, воедно и раководител на проектот, проф. д-р Мирјана Малешев, професор на Факултетот за технички науки при Универзитетот во Нови Сад, асистент м-р Абаз Велиќ, од Факултетот за рударство, геодезија и градежништво во Тузла, асистент м-р Марина Латиновиќ, од Факултетот за архитектура, градежништво и геодезија во Бања Лука, проф. д-р Гентијана Шарку, професор на Економскиот факултет при Универзитетот во Тирана, проф.д-р Јулинда Кечи, професор на Факултетот за архитектура и инженерство на приватниот универзитет ЕПОКА во Тирана и проф д-р Мери Цветковска, професор на градежниот факултет при УКИМ во Скопје.
Гостите остварија средба со Директорот, г-дин Аднан Џафероски, на која се разговараше за активностите преостанати до завршување на проектот на 14.10.2019 година. Исто така, на гостите им беше презентирана Дирекцијата и нејзините надлежности, со акцент врз процесот на издавање урбанистички согласности по Елаборатите за заштита од пожари, експлозии и опасни материи, што е дел од постапката за добивање одобрение за градење.
Се разменија искуства во сферата на заштитата од пожари и се потенцираше значењето на унапредување на регионалната соработка и во овој сегмент, секако во согласност со Европските препораки.
Ќе продолжат активностите во рамките на проектот, на следните работни состаноци во Тузла, Бања Лука, Тирана и Нови Сад, каде што Дирекцијата ќе учествува со свои претставници.