Weekly News

Logo

Упатства

Упатства за граѓаните


Современите услови на живеење и работа како и се поактуелните климатски промени се причина за секојдневните закани од природни непогоди и други несреќи кои осетно ја нарушуваат рамнотежата во природата и го загрозуваат животот на граѓаните, нивните имоти и животната средина.


Природните непогоди како што се: земјотерсите, поплавите, лизгање на земјиштето, снежните наноси, лавините, голомразицата, градот и сушата како и другите несреќи и тоа: пожарите, сообраќајните несреќи во патниот, железничкиот и воздушниот сообраќај, несреќите во рудници, индустриските несреќи предизвикани од експлозии и други техничко технолошки причини, паѓањето на радиоактивни врнежи, прашина и талози, излевањето на нафта и нафтени деривати и други отровни хемикалии, експлозиите на гасови, запалливи течности и др. зарзани материи кои би предизвикале масовни заразни заболувања се предизвици од кои треба постојано да планираме како да се заштитиме посебно ако се знае да:


  • до непогодите/несреќите доаѓа изненадно, и често во серии;
  • непогодите/несреќите се доста непредвидливи, со оглед на местото, време и локација;
  • имаат доста специфичности, со оглед на можноста на настанување и обемот на последиците по луѓето и животната средина;
  • доста често и покрај запирање на процесот, санирањето на последиците е отежнато и бара долгорочно планирање.

Поради тоа е неопходна навремена и ефикасна превентивна припрема и подготвеност за спроведување на мерките за заштита и спасување а тоа е и предуслов за спречување на настанувањето или за ублажување на последиците од природните непогоди и други несреќи.


Во таа насока еден од начините за обучување и оспособување на граѓаните се Упатствата за граѓаните за секоја опасност и тоа:


  • Упатство за самозаштита на граѓаните од земјотреси; преземи документ
  • Упатс тво за самозаштита на граѓаните при несреќи предизвикани од опасни материи;
  • Упатство за самозаштита на граѓаните за прва помош; преземи документ
  • Упатство за самозаштита на граѓаните од пожари;
  • Упатство за самозаштита на граѓаните од поплави;
  • Упатство за самозаштита на граѓаните од неексплодирани убојни средства (НУС);
  • Упатство за стандардни оперативни процедури за прв одговор при Радиолошки, Хемиски и Биолошки инцидент; преземи документ

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации