19/04/2024

Работилница за меѓуопштинска соработка

Претставник на Дирекцијата за заштита и спасување на ден 29 и 30 .01.2019 учествуваше на Работилница за меѓуопштинска соработка во контекст на управување со ризици на проектот Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион организиран од страна на УПНД, која се одржа во хотел Gardenia - Велес.

На ова работилница се усвојуваше:
- Записникот од конститутивната седница на Мрежата
- Предлог програмата за работа на Мрежата за отпорен и заштитен Полог за 2019 година

Дирекцијата за заштита и спасување ќе биде вклучена активно во подготовката на Планот за управување со ризик од поплави и Предлог програмата на Мрежата за отпорен и заштитен Полог за 2019 година и последователните фази на имплементација на проектот.