19/05/2024

Препораки за однесување на планина во зимски временски услови

Дирекцијата за заштита и спасување поради временските услови, на сите граѓани во Република Македонија им препорачува: -редовно да ја следат временската прогноза пред заминување во туристичките центри или било која друга дестинација; -да не тргнуваат на пат со неисправно возило и без соодветна зимска опрема; -да имаат доволно гориво во возилото за нивно пристигнување до саканата дестинација, но и во случај да дојде до прекин на сообраќајот; да имаат доволна количина на храна, вода, лекови и топла облека; -да имаат наполнети батерии на мобилните телефони и конекција со своите роднини и пријатели; -луѓето што ќе ги посетат зимските центри да ги користат уредените патеки за скијање, а, доколу истите сакаат да ги напуштат да ги известат спасителните служби на тие центри; -планинарите, алпинистите и останатите граѓани кои сакаат да планинарат во зимски услови, да ги известат најблиските полициски станици или спасителни служби за нивниот правец на движење и времето на враќање.

Упатство за граѓани во случај на екстремeн студ – преземи.