19/04/2024

Неексплодирано убојно средство во центарот на Скопје

На ден 16.1.2019 во 08:45 часот по дојава од страна на МВР пронајдено е неексплодирано убојно средство. Истото е извадено при ископ на земја позади старата Железничка станица од страна на градежна фирма. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, направен е увид на лице место на стариот пат кон село Батинци и констатирано е дека се работи за авионска бомба од 250 кг или 500 либри, со должина од 1.20 м и широчина од околу 40 цм. Во моментов се прават сите подготовки согласно стандардно-оперативната процедура за нејзино уништување на лице место. Утре, петок (18.1.2019) ќе се преземат мерки и активности за подготовка на просторот за нејзино уништување.