28/04/2024

Пожар помеѓу селото Смојмирово и Чифлик

Помеѓу село Смојмирово и село Чифлик, во петокот (12.октомври), избувна пожар од засега неутврдени причини.Иако пожарот беше локализиран, денес поради силен ветер продолжи  да се шири кон с. Смојмирово. Зафатена е голема шумска површина. На гаснењето на пожарот учествуваа околу 50 лица (екипа од подрачното одделение-Берово при Дирекцијата за заштита и спасување, екипи од шумско стопанство Малешево-Берово,Виница,Рамна река-Пехчево,екипа на територијална против-пожарна единица од Берово и месно население од с.Смојмирово). На место на настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски.  Бидејќи пожарот беше ставен под контрола, не беше активирана воздушната единица при Дирекцијата за заштита и спасување.  Во текот на утрешниот ден, Комсијата ќе излезе на терен да направи увид и проценка за настанатата штета. ДЗС се обраќа со апел до граѓаните да бидат крајно внимателни, зашто доволно е само една искра да се претвори во голем пожар.