19/04/2024

Состанок со амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, г-н Хенрик Маркуш

Денес 4.10.2018 година, на состанок во Дирекцијата за заштита и спасување се сретнаа, директорот на оваа институција г-н Аднан Џафероски и амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, г-н Хенрик Маркуш.

Целта на состанокот беше отпочнување на билатерална соработка на Дирекцијата за заштита и спасување со партнерската институција за цивилна заштита во РСловачка. Прв чекор за тоа е правење-Писмо за намери.
На состанокот се изврши и размена на искуства меѓу земјите во поглед на цивилната заштита, а се договори и размена на експертски посети помеѓу РМакедонија и РСловачка.

Оваа средба е уште една од низата билатерални средби, од која произлегуваат конкретни планови за идни активности помеѓу нашата земја и РСловачка.