28/04/2024

Авионите упатени на редовна проверка

Согласно позитивните законските прописи за воздухопловство во Република Македонија, од 23-30.9.2018 година, три пилоти беа на проверка на стручност во овластена тренинг организација сопственост на Авиалса Т-35 во Шпанија. Тоа е единствената овластена организација за обука на тип на авион АТ-802 Fire Boss во Европа. Станува збор за редовна проверка која се врши на секои две години. Проверката беше успешно извршена, а пилотите се вратија со високи оценки и продолжен рејтинг.
Согласно програмата за одржување на авионите за гаснење на пожари, од денес 3.10.2018 година почнува постапката за нивни редовен годишен сервис кој ќе се изврши во Шпанија.
Со редовни тренинзи на авио одделението во целост ќе бидеме подготвени доколку се укаже потреба за тоа.
ДЗС во континуитет врши подготовки за справување со природни и технички несреќи и справување со сите предизвици.