19/05/2024

Целосна забрана за движење во шумските предели

Во текот на денешниот ден (вторник, 3 август, 2021 година) стапува на сила  целосна забрана за движење во шумските предели низ целата држава.
Се апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите.
За непочитување на оваа забрана на физички лица затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, во согласност со член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.
ЈП за стопанисување со државни шуми НАЦИОНАЛНИ ШУМИ п.о. - СКОПЈЕ