16/04/2024

46 - состанок на директори на Цивилна заштита на ЕУ

На 21 мај 2021 година, се одржа 46.состанок на директори на Цивилна заштита на ЕУ, Европската економска Зона и државите кандидати, на кој учество зема директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-дин Беким Максути. Состанокот се одржа по пат на видео конференција, а се дискутираше на следните теми:

- идниот развој на  rescEU капацитетите;

- деловен континуитет, прилагодување и развој на капацитети;

- глобален одговор кон КОВИД-19 пандемијата и улогата на Европскиот Механизам за цивилна заштита.

Следниот, 47. состанок ќе се одржи во Словенија, која е следниот претседавач со Советот на Европа.