20/04/2024

Работна средба со делегација од Република Албанија

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-дин Беким Максути, на 19.05.2021 година оствари работна средба со делегација од Република Албанија, предводена од г-дин Алфред Кристули, генерален директор на противпожарната служба на Албанија. Во делегацијата беа и претставници на албанската Агенција за цивилна заштита. На состанокот се разменија мислења за актуелните состојби во доменот на заштитата и спасувањето во двете држави, се разговараше за статусот на отпочнатите активности, за можностите за натамошно унапредување на соработката, како и за заедничко учество во меѓународни проекти. Добрососедските односи и зајакнувањето на регионалната соработка преку интегрирање на ресурси и капацитети, како и споделувањето на знаење и искуство, е единствениот пат кон успехот.