28/03/2024

Дирекцијата за заштита и спасување продолжува со пронаоѓање на НУС во територијата на Република Северна Македонија

Во измината недела припадници на Дирекцијата за заштита и спасување во неколку места на територијата на Република Северна Македонија пронајдоа неексплодирани артилериски гранати кои датираат од Првата Светска Војна.

Пиротекничарите на ДЗС пронајдоа артилериски гранати со калибар 75 мм во Дојран и Мрзенци, исто така во Цареви Кули – Струмица и во с. Агино Село – Куманово. Сите гранати се сместени во магацините на ДЗС до нивно уништување.