14/05/2024

Дирекцијата се приклучува во акцијата за борба против аеро-загадувањето

Дирекцијата за заштита и спасување организирано се приклучува во акцијата за борба против аеро-загадувањето и заштитата на животната средина, согласно можностите и континуираната соработка со другите релевантни институции.
За таа цел во деновите до крајот на оваа година, ДЗС ќе работи во насока на:

1.)    Намалување на штетните емисии преку минимизирање на користењето на автомобили од страна на вработените преку:
•    користење на јавен транспорт,
•    споделување на автомобил (4 вработени да користат едно возило при транспорт до работно место)
•    користење на велосипед,
•    пешачење

2.)    Организирање на акција за собирање на електронски и електричен отпад (во соработка на општина Аеродром)

•    Поставување на собирни контејнери за одложување на амбалажа, хартија, пластика и сијалици во Министерствата (контејнерите се  обезбедени од ПАКОМАК кој се грижи и за нивно празнење)
•    Расчистување на неправилно одложен отпад во околината

 3.) Акција за озеленување на непосредната околина на институцијата
•    Акција за садење на дрва во школски дворови или дворови на градинки (можат да се садат елки кои децата ќе ги украсуваат), во соработка со ЈП Паркови и зеленило и ЈП Македонски шуми
•    Раззеленување на внатрешниот простор во институцијата