13/05/2024

Денес се чествува Свети Климент Охридски Чудотворец

Денес е 8 декември,денот кога се празнува Свети Климент Охридски.Тој се родил околу 840 година. Некои историчари сметаат дека се родил во Солун, а тоа го поврзуваат со фактот дека уште како млад бил повикан од Светите браќа Кирил и Методија во нивната мисија.
Подоцна, тој учествувал и во преведувањето на светите богослужбени книги од грчки на црквенословенски јазик. Заедно со светите браќа отпатувал во Панонија и Моравија, каде учестувал во мисијата за словенска богослужба и словенско Православие.
Свети Климент Охридски е заштитник на градот Охрид и целиот охридски крај. Преданијата раскажуваат дека секогаш кога над градот и околината ќе се надвиснела некоја несреќа се јавувал духот на светецот и го спасувал градот од разурнување, а народот од страдање.
Свети Климент Охридски ќе остане запаментен како првиот македонски архиепископ и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа. Тој е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња,црковно, просветно, книжевно, тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.
Дирекцијата за заштита и спасување на целиот македонски народ го честита 8 декември -денот на Св.Климент Охридски Чудотворец.