13/05/2024

Денеска на 1-ви Декември во светот се одбележува Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА.

Секоја година на 1 декември,како во сите земји во светот, така и во Македонија, со сè поголеми  информативни кампањи за превентива и заштита се одбележува Светскиот ден за борба против ХИВ/Сида.
И покрај повеќе од триесетгодишната борба против оваа болест сидата и понатаму останува закана за човештвото.
Во Македонија годинава се регистрирани 41 лице инфицирани со ХИВ и тоа сите се од машки пол.
Иако, на антиретровирусна терапија на Инфективна се 217 лица со ХИВ, сепак годинава тројца пациенти ја изгубиле битката за живот.
За 31 година од првиот случај досега во Македонија се регистрирани  400 инфицирани со ХИВ вирусот, од нив 99 лица починале од СИДА.
Годинава Владата ги презеде финансиските обврски од Глобалниот фонд, кој со години наназад ги финансираше превентивните ХИВ програми.