08/12/2022

47-от состанок на Генералните-Директори за Цивилна заштита на Европската Унија на Европската Економска Област и на земјите кандидати

Во Љубљана, Словенија заврши 47-от состанок на Генералните-Директори за Цивилна заштита на Европската Унија на Европската Економска Област и на земјите кандидати помеѓу 12 и 13 октомври на кој учество зема директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-дин Bekim Maksuti. 
На состанокот присуствуваа делегации од 29 членки на Европската унија и земји учеснички на механизмот на Унијата во цивилната заштита.
Настанот беше организиран од Европската комисија или Генералниот директорат за европска цивилна заштита и европски хуманитарни операции. Во првите редови на настанот имаше прослава на 20 -годишнината од механизмот на Унијата во областа на цивилната заштита и зајакнувањето на отпорот кон несреќите на Унијата во превенција, подготвеност и одговор.
Посебно внимание беше посветено на зајакната соработка со земјите од Западен Балкан.

Пред почетокот на состанокот, директорот г-дин Bekim Maksuti оствари билатерална средба со директорот на Цивилната одбрана на Словенија, г-дин Дарко Бут. 
Првично директорот Maksuti се заблагодари на директорот г -дин Бут за помошта во гаснењето на пожарите во Република Северна Македонија што се случија во текот на август 2021 година. Како и посебна благодарност за донациите до сега во противпожарна опрема. 
Тема на овој состанок беше Програмата за соработка за следната година во областа на противпожарната едукација и обука, со акцент на едукација и обука за заедничка соработка со Северна Македонија во рамките на DPPI SEE и ЕУ проектите. 
Исто така се зборуваше и за противпожарна опрема, и со една заедничка програма за меѓусебно помагање во итни ситуации.