13/05/2024

Вежба на ИПА ФФ на земјите од Западен Балкан и Турција

Во рамки на теренската вежба на ИПА ФФ на земјите од Западен Балкан и Турција денеска се одржаа повеќе активности. Утрото на тркалезната маса пригоден говор одржа директорот на ДЗС

г. Беким Максути придружуван од претставникот на DG ECHO C1 од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и конзорциумот на предметниот проект, како и директорите и другите претставници на цивилната заштита на земјите учеснички. Нагласувајќи едногласно дека интероперабилноста, соработката и интеракцијата во различни катастрофи како што се пожарите на отворено претставуваат предизвик за сите.

Потоа денот на ВИП посетителите продолжи со посета на различни точки каде тимските модули од соодветните земји ги покажуваат своите способности во активности како што се планирање операции и задачи како и нивно извршување.

Вреди да се поздрави дека во овој случај имаше и интервенција на авиони за гаснење на пожарите од Северна Македонија и Турција.

Потоа, гостите беа информирани одблиску од сите тим-лидери во кампот во паркот Сарај ,гледајќи ја одблиску опремата што е пуштена во употреба со проектот.

Оваа демонстрација уште еднаш ја покажува подготвеноста на ДЗС да организира обука од вакво ниво за прв пат во земјата, но во исто време и координација на тимови од различни земји да работат заедно, исполнувајќи ја целта на ЕУ.

„Заедно сме посилни, поподготвени и поотпорни“.