26/04/2024

Вежба по повод Денот на пожарникарството

Старо Негоричане 09.05.2014 Дирекцијата за заштита И спасување по повод Денот на пожарникарстовто 20 Мај учествува во организирање на вежба за противпожарна заштита која ќе се одржи на 21 Мај 2014 година во основното училиште „Светозар Марковиќ" во општина Старо Нагоричане со почеток во 10,30 часот. Во рамките на вежбата се планирани повеќе активности и тоа: -евакуација на учениците по појавениот пожар; -гасење на пожарот; -спасување на ученици кои останале во училишната зграда со скокање на воздушна перница; -спасување на повредени лица од моторно возило; -давање прва медицинска помош на повредените и изгорените лица; -транспорт на повредените и нивно згрижување во здравствените установи; -транспорт на потешко повредените до клиничкиот ургетнтен центар со хеликоптер;