13/12/2024

Проект ИПА проект за превенција од поплави и управување со ризици од пожари

  1. Проект ИПА проект за превенција од поплави и управување со ризици од пожари

Проект акроним: IPAFF

*Дирекцијата за заштита и спасувањее национален проект координатор за Република Северна Макеоднија

 

3-годишната програма за поплави и пожари, финансирана од ЕУ, има за цел да ги подобри капацитетите за управување со ризикот од поплави и шумски пожари во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција.

Програмата е структурирана во две компоненти: Компонента 1 – Поплави и Компонента 2 – Шумски пожари

Со поттикнување на регионалната соработка и размена на добри практики, Конзорциумот за спроведување на ИПА за поплави и пожари соработува со локалните власти за цивилна заштита и други релевантни локални агенции и институции за подобрување на правната и институционалната рамка поврзана со директивата на ЕУ за поплави (EUFD), и институционална координација меѓу сите актери вклучени во спроведувањето на EUFD и подобрување на превенцијата, подготвеноста и капацитетот за одговор на шумски пожари на централно, регионално и ниво на ЕУ.

Активностите ќе опфатат работилници, обуки, вежби на маса и теренски вежби, размена на експерти, набавка на опрема за гаснење на шумски пожари и кампањи за подигање на свеста.

Вкупен буџет: 5,000,000.00 евра