19/04/2024

Пронајдени две лица во битолско

Тимот за спасување во планини на Дирекцијата за заштита и спасување ги пронајдоа двете лица кои се изгубија на планината Баба над Битола и тие се во добра состојба

 

Двајцата се изгубиле вчера попладне, кога телефонски пријавиле дека се дезориентирани и дека заталкале далеку од пешачката патека која води кон врвот Неолица.

Тимот за спасување започна голема потрага, а и покрај тоа што батериите на телефоните на изгубените лица биле целосно испразнети, тие се лоцирани и спасени.