20/04/2024

Дирекцијата за заштита и спасување продолжува со отстранување и уништување на НУС

На ден 18.03.2021 од страна  на пиротекничари на Дирекцијата за заштита и спасување се извршени интервенции во с.Удово-Валандово, каде што се пронајдени 2 (две) артилериски зрна 75мм  и 1 (едно) 105мм, по пријава од Страбаг.

Исто така, по пријава од гранична полиција Дојран на раскрсницата  према с.Николич на регионалниот пат Валандово -Дојран е пронајдено 1 (едно)  артилериско зрно 105мм,

Од Граничната полиција Гевгелија во реонот на с.Богородица на 6 локации се пронајдени 7 (седум) артилериски зрна 75мм и 1 (едно) 105мм, додека на железничката станица е пронајдено 1 (едно) артилериско зрно 75 мм.

На 15 и 18 март 2021 г.  во с.Горно Баница - Гостивар се пронајдени 2 (две) артилериски зрна 82 мм и во с.Издеглавје -Дебарца 1 (едно) артилериско зрно 105 мм.

Сите пронајдени неексплодирани убојни средства се транспортирани и истоварени во специалните магацини на ДЗС.

По пријава од лице од с.Моин на оддалеченост од 5 км од селото во планината на позиција, линија на одбрана со ровови сообраќајници и бункери од Првата Светска Војна, во подземно складиште се лоцирани од 40 до 50 артилериски зрна 155мм и истите тежат до 55 кг. Поради немање пристапен пат за транспортно возило ќе бидат уништени на лице место.