Oд 7 до 12 октомври 2018 година, во Младеновац, Република Србија под покровителство на NATO – Euro Atlantic Disaster Response Coordination Center (EADRCC) ќе се одржи меѓународна вежбовна активност за спасување од урнатини и поплави „СРБИЈА 2018“.
На вежбата ќе учествуваат два тима со вкупен број од 35 припадници на Републичките сили за заштит а и спасување, а Дирекцијата за заштита и спасување со сопствени сили и средства ќе се вклучи со 24 припадници.
Со учеството на оваа меѓународна вежбовна активност се зајакнуваат капацитетите и подготвеноста за одговор на тимовите за прв одговор, територијалната против пожарна единица од Тетово и С трумица како и Единицата за службени кучиња на МВР, кои се во состав на силите за заштита и спасување при ДЗС во делот на оперативно дејствување при спасување од урнатини и поплави. Истовремено, се зајакнуваат и капацитетите на Дирекцијата за заштита и спасување за прием и пружање меѓународна помош при спасување од урнатини и поплави.
Преку вежбата ДЗС овозможува и промоција на Република Македонија како силен партнер во справувањето со природните непогоди и други несреќи на меѓународно ниво и создава можност за проверка на обученоста и подготвеноста на силите за заштита и спасување на Република Македонија.