Од 24- 29.09.2018 година во Москва, Русија, се одржа обука на тема „Тактика на гаснење на шумски пожари со поддршка од хелихоптери“. На обуката како претставник од ДЗС присуствуваше, г-н Горан Андов.
Наставата на обуката беше реализирана теоретски и практично. Истата опфати:
- анализа на глобалниот проблем со пожарите, како проблем во сите земји во светот;
- начинот на кој се користат материјално техничките средства и опрема за гасење од земја
- начинот на употреба на хелихоптери и авиони за гасење на пожар.
Бенефитот од обуката е создавање на координација и управување помеѓу гаснењето на пожар на земја и пилотите во хеликоптерите или авионите.