13/12/2024

41.состанок на директори за цивилна заштита

На 27 и 28 септември 2018 година, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-дин Аднан Џафероски, присуствуваше на 41.состанок на директори за цивилна заштита на ЕУ, на Европската Економска Зона и на државите кандидати во Виена, Австрија.
Овој состанок секогаш претставува извонредна можност за размена на искуства со колегите од ЕУ и регионот.
Теми по кои се дискутираше беа:
- преглед на преговорите во врска со ревизијата на законската регулатива на ЕУ Механизмот за цивилна заштита;
- вклучување на фазата опоравување од катастрофи во рамките на Механизмот, во контекст на создавање отпорно и оддржливо општество;
- пренасочување на поддршката на Европската Комисија кон превенцијата и подготвеноста за справување со катастрофи и проширување на перспективата во сфаќањето на превенцијата и подготвеноста;
-иднината на програмата за обуки во рамките на Механизмот, со акцент кон изготвување Национални проценки и стратегии за обука и размена на експерти во тој контекст;
-Комисијата го презентираше Заедничкот документ за зголемување на отпорноста и зајакнување на капацитетите за заштита од хибридни закани, со можност за придонес на ЕУ Механизмот во оваа сфера;
На маргините на состанокот, г-дин Џафероски оствари билатерални средби со г-дин Јоханес Лухнер од Европската Комисија, со г-дин Петер Голдгрубер, генерален секретар во Австриското Министерство за внатрешни работи и со својот словенечки колега,  г-ин Дарко Бут.