08/12/2022

Одржан состанок со управителите и вработените од овластените сервиси за сервисирање, испитување и одржување на противпожарна опрема

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-н Аднан Џафероски денес, заедно со своите соработници, , одржа состанок со управителите и вработените од овластените сервиси за сервисирање, испитување и одржување на противпожарна опрема. На состанокот се разговараше за актуелните проблеми со кои тие се соочуваат, за меѓусебната соработка во насока на унапредување на квалитетот на нивните услуги, а со цел зајакнување на безбедноста на граѓаните. Дирекцијата за заштита и спасување дава целосна поддршка во тој контекст и се става на располагање, во рамките на своите законски надлежности, да ја унапреди и оваа компонента од заштитата и спасувањето.