08/12/2022

Дислоцирани 12 парчиња гранати од Првата светска војна

Дирекцијата за заштита и спасување, од локација кај новата пречистителна станица во Гевгелија, дислоцираше 12 парчиња гранати од Првата светска војна, со калибар од 105мм. Акцијата, по претходна дојава од страна на ЈКП "Гевгелија", ја спроведоа пиротехничарот и колегите од Подрачното одделение за заштита и спасување Струмица, кои ги собраа овие неексплодирани убојни средства, ги транспортираа и ги складираа во наменскиот магацин во Струмица. Дирекцијата за заштита и спасување, и покрај лимитираните ресурси, продолжува најпрофесионално да ги извршува своите задачи за заштита и спасување на населението.