08/12/2022

Специјализирана обука со ТАКТИЧКО - ПОКАЗНА ВЕЖБА, на Противпожарната единица на Макпетрол АД-Скопје РЕ Гостивар

На 19 септември 2018 година од страна на Центарот за обука на Дирекцијата за заштита и спасување беше организирана Специјализирана обука со ТАКТИЧКО - ПОКАЗНА ВЕЖБА, на Противпожарната единица на Макпетрол АД-Скопје РЕ Гостивар, за евакуација на вработените и посетителите во случај на некотролирано истекување течен нафтен гас во Складот за течен нафтен гас „Гостивар“ – Гостивар и тактичко показна вежба за гаснење пожари. На обуката присуствуваа 11 лица, припадници на единицата за заштита и спасување од пожари на Макпетрол АД-Скопје РЕ Гостивар. Основните цели на обуката за заштита и спасување беа: -запознавање со системот за заштита и спасување и местото и улогата на единицата за заштита и спасување од пожари; -спроведување на мерките за заштита и спасување; -обука на припадниците на единицата и вработените во својот делокруг на активност; -проверка на можностите и постапките при употребата на единицата и расположливата опрема и МТС . Оваа специјализирана обука и вежби на просторните специјализирани единици за противпожарна заштита на Макпетрол АД Скопје е предвидено да трае заклучно до 25 октомври до кога треба да се обучат уште 11 организирани единици(РЕ Охрид-Охрид,Ре Прилеп-Прилеп,РЕ Битола-Битола,РЕ Велес-Велес,РЕ Кавадарци-Кавадарци,РЕ Кочани-Кочани,РЕ Струмица-Струмица,РЕ Куманово-Куманово,РЕ Скопје-Скопје,Полнилница за течен нафтен гас Миладиновци-Скопје и Дирекцијата за одржување -Скопје). ДЗС и во наредниот период ќе продолжи со реализирање на тактичко-показни и симулациски вежби со цел да ги запознае вработените со основните знаења од областа на опасните материи, заштитата и спасувањето, како и оспособување на вработените за специфичните околности што може да настанат под дејство на вонредни настани и да го загрозат животот или здравјето на вработените во текот на работењето.