08/12/2022

Во рамките на програмата 333, одржан курс за спасување на повредени лица

Во рамките на програмата 333, под покровителство на Американската амбасада, успешно е завршен пет-дневниот курс за спасување повредени во кој свое учество зема и Дирекцијата за заштита и спасување. Курсот се одржа од 10-14 септември во просторот на касарната Чојлија Петровец . Целта на истиот е да ги подобри знаењата од основните техники за спасување на повредени лица под оган и во средина на CBRNE, идентификација на заканата, третмани и деконтаминација. Фокусот беше ставен на медицинската нега со блок на настава, после која учесниците имаа и практични вежби. Покрај Дирекцијата за заштита и спасување учество земаа припадниците на АРМ и ТППЕ Скопје.