28/03/2024

Потпишан Меморандум за соработка со Факултетот за безбедност при Униврзитетот "Св Климент Охридски"- Битола

Дирекцијата за заштита и спасување, во насока на унапредување на меѓуинституционалната соработка, денес, 20.09.2018 година, потпиша Меморандум за соработка со Факултетот за безбедност при Униврзитетот "Св Климент Охридски"- Битола, со седиште во Идризово. Меморандумот го потпишаа господин Аднан Џафероски, дирeктор на ДЗС и проф. д-р Никола Дујовски, декан на Факултетот. Целите на Меморандумот се остваруваат преку: - размената на научни и стручни мислења од областа на заштитата и спасувањето; -заеднички интерес за квалитативно унапредување на образованието; - оспособување стручни кадри; - подготовка на заеднички програми за научно-стручно оспособување и усовршување кадри; - подготвување заеднички проекти, анализи и процени во заштитата и спасувањето; - взаемни обуки, практична настава за студентите на Факултетот за безбедност со ангажирање стручни лица од Дирекцијата; - организирање конференции, семинари, работилници и друго; - взаемно користење на ресурсите и материјално-техничките средства заради реализирање на наставни програми и обуки. Со потпишувањето на овој Меморандум, двете институции ќе дадат свој квалитетен придонес кон градењето современ безбедносен систем, кој се темели врз знаење, искуство, стручност и квалитет.