13/12/2024

Касарна Чојлија Петровец курс за спасување повредени 10-14 September Tactical Casualty Care Course (TCCC)

 

     Во рамките на програмата 333 а под покровителство на Америчката амбасада успешно е завршен 5 дневен курс специфично дизајниран за просторот на касарната Чојлија Петровец со цел да ги подобри знаењата од основните техники за спасување на повредени лица под оган и во средина на CBRNE, идентификацијата на заканата, третмани и деконтаминација. Фокусот беше ставен на медицинската нега со блок на настава после која учесниците имаат практични вежби. Покрај Дирекцијата за заштита и спасување учество земаа припадниците на АРМ и ТППЕ Скопје.