17/01/2025

Средба за унапредување на соработката меѓу Музејот на Македонија и ДЗС

Денес, директорот на Дирекција за заштита и спасување г-н Аднан Џафероски и директорот на НУ Музеј на Македонија –Скопје, г-н Гордан Николов остварија средба на која се дискутираше за унапредување на соработката меѓу Музејот на Македонија и ДЗС во правец на изработување на проценка и елаборати за заштита и спасување од елементарни непогоди и други несреќи. Основа за средбата беше пожарот кој избувна неодмана во Националниот музеј во Бразил, кој поседуваше повеќе од 20 милиони вредни предмети. Во интерес на исклучителното наследство кое го поседува Музејот на Македонија-Скопје, ДЗС ќе направи напори во блиска иднина договорените планови да станат реалност и да ја заштити институцијата која ги поседува највредните колекции во државата, а по вредност е дури втора во Југоисточна Европа.