Од 29-31 август 2018 во Сараево во соработка со World Vision BIH и Министерството за сигурност на БИХ се одржа првата регионална конференција- “Сигурни училишта за сигурно детство”, посветена на воспоставување и зајакнување на училишното опкружување во однос на ризиците од природни и други катастрофи. На конференцијата учество земаа Горан Андов –помлад соработник за логистичка поддршка при спроведување на теоретска настава и Рамадан Асани- помлад соработник за спроведување на обука тренинг и вежби при Дирекцијата за заштита и спасување. Дирекцијата за заштита и спасување се приклучува кон ова мото, и затоа наскоро ќе започне со промоции и кампањи наменети за заштита и спасување на децата во услови на природни непогоди, кои ќе бидат имплементирани во градинките и училиштата ширум Републиката.