28/03/2024

Напредна обука за користење на веб базирана алатка NICS-(Next Generation Incident Command System- Следна генерација на системот за управување и командување)

Од 12-14 септември 2018 година во х.Београд, Струга се одржа напредна обука за користење на веб базирана алатка NICS-(Next Generation Incident Command System- Следна генерација на системот за управување и командување), прилагодена на СМЕР вежбата 2018 што се случува од 17-21.9.18 во Дом на АРМ –Скопје. На обуката активно се вклучија преставници од Дирекција за заштита и спасување. Обуката е дел од проектoт “Напредна регионална координација при цивилни итни состојби” во Западен Балкан, во рамки на НАТО програмата-Наука за мир и безбедност, а преставува и активност во континуитет, со цел успешна имплементација на проектот во РМ. Обучените лица понатаму ќе имаат можност да бидат вклучени како корисници на NICS системот во земјата.