08/12/2022

Продлабочена и проширена меѓусебната соработка помеѓу Дирекцијата за заштита и спасување и Аероклубот Скопје Доо

Денес, 13.9.18 година, Дирекцијата за заштита и спасување преставувана од директорот Аднан Џафероски и Аероклубот Скопје ДОО преставуван од управителот Дејан Саздовски, ја продлабочија и проширија меѓусебната соработка преку Меморандум за соработка со цел: -воспоставување меѓусебна координација и ефективен институционален дијалог во спроведувањето на активностите за унапредување на системот за заштита; -унапредување на воздухопловството преку имплементација на најдобрите практитки и искуства; -заедничи превентивен надзор за рано детектирање на пожари на отворен простор; -набљудување од воздух и ангажирање на воздухопловите на клубот во акции на ДЗС на отворени простори; -промовирање,планирање и школување на летачки кадар; -учество во проекти од заеднички интерес,консултации и едукативни процеси. Дирекцијата за заштита и спасување во интерес на граѓаните на државата продолжува со вклучување на сите субјекти во Република Македонија кои имаат човечки,материјални ресурси,знаења и вештини во системот за заштита и спасување, а оваа соработка е уште една од низата соработки од која произлегуваат конкретни планови за идни активности кои ДЗС ги поддржува.