21/04/2025

Тимот на ХБРН на ДЗС присуствуваше на обука во Чешка

На барање на ДЗС, во период од 23-28 јуни 2024 година, тимот на ХБРН присуствуваше на обука во Чешка, во Центарот за обука на противпожарната служба во Фридек-Мистек. Беа опфатени теми поврзани со извидување, лична и колективна заштитна опрема, методи, принципи и материјали за деконтаминација и слично, а беше спроведена и практична вежба со примена на знаењето стекнато за време на обуката.