На завршниот настан директорот на ДЗС г.Беким Максути заедно со претставниците на конзорциумот за спроведување на теренска вежба за гаснење шумски пожари, одржа говор и им подели сертификати на модулите и тимовите учесници, како и благодарност до сите тие институции и други преставници кои го овозможија овој настан да заврши успешно.
Воедно беше речено дека оваа обука не беше само за гаснење пожари, туку беше и интеракција на модуларните тимови, беше признание и дружење и беше инспирација дека заедно сме посилни, заедно можеме да направиме повеќе и повеќе.