17/01/2025

Чистење на заглавени стебла и гранки околу столбовите на мостот „Гемиџии“ на реката Вардар.

 
Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Велес, во рамките на своите надлежности врши константно следење на состојбите на терен при што се забележани заглавени стебла и гранки околу столбовите на мостот „Гемиџии“ на реката Вардар. Проценето е дека со надоаѓање на големи води постои опасност да дојде до сериозно оштетување на мостовската конструкција.
На иницијатива на Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Велес одржан е состанок на 04.09.2018 год. со раководството на ЈП „Македонија пат” подружница Велес каде е заклучено на се излезе на терен со механизација на ЈП „Македонија пат” и поддршка на Дирекција за заштита и спасување Подрачно одделение Велес во материјално технички средства и опрема за да се отстранат насобраните стебла и гранки од столбовите на мостот „Гемиџии“.
Планираната акцијата започната е во 09.00 часот на ден 05.09.2018 година и учесниците во потполност го спроведоа планот и успешно ја релизираа планираната активност со што е отстранета опасноста од евентуални оштетувања на мостот при надоаѓање на голема вода во реката Вардар.