Преку тематски игри и показни вежби, денеска на настан по мотото „Соочи се со предизвиците низ игра“ кој се одржува во Градскиот парк во Скопје, децата имаа можност одблиску да се запознаат со сите сегменти на заштита и спасување од катастрофи.
Настанот е дел од отворениот ден кој двапати годишно го организира Дирекцијата за заштита и спасување во рамките на своите надлежности. Организиран е од ДЗС со поддршка од компанијата Премиум сејфти солушн и со учество на доброволното противпожарно друштво „Бајрам Мифтари“ од Чаир и противпожарното друштво „Св. Николе“.
Во рамките на денешните активности планирани се пет активности и тоа натпревар кој побрзо ќе го намота пожарникарското црево, гасење пожар во лимени кофи, цртање на противпожарни симболи, посебна точка во делот на школски, неексплодирани убојни средства – како да постапат доколку најдат неексплодирана бомба.
За време на настанот се делеа флаери, практични семејни материјали за граѓаните. Децата учесници во игрите добија шлем и елече или некоја друга играчка.