21/04/2025

Меѓународна вежба за справување со пожари на отворено „РОДОП 2023“

Во рамките на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, на ден 21.06.2023 г. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) г-дин Bekim Maksuti, присуствуваше на симулациската вежба „РОДОП 2023”, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување, Општина Берово, и Цивилната заштита на Република Бугарија.

Директорот Bekim Maksuti истакна дека денешната вежба е уште еден доказ дека Дирекцијата е подготвена за сезоната на пожари која што претстои, а дополнителен доказ за тоа како што напомена е дека 2021 која што беше критична година, каде што учествуваа и тимови од соседни земји, но и од други земји како Австрија и Словенија се добредојдени бидејки сите заеднички соработуваа и дејствуваа во однос на справување на пожарите на отворено.

Со цел подобрување на заштитните способности  за реакција во инцидентни, вонредни, непредвидени ситуации во услови на појава на пожар на отворен простор, Дирекција за заштита и спасување, Општината Берово и Цивилната заштита на Република Бугарија реализираа организираната меѓународна теренска вежба со ДПД Кочани и Пехчево, просторни сили на Општините Делчево, Берово, Виница и Кочани, ТППЕ Берово како и ТБО за гасење пожари на отворен простор на ДЗС (републичките сили).

Вежбата се реализира на локација во село Мачево, на местото викано Вчков Рид Крвавел помеѓу котите 922 и 978 во општина Берово.

На симулациската вежба според сценариото на вежбата се покажа координацијата при забележување на пожар, информирање на ТППЕ Берово, ОВР Берово, ПОЗС- ДЗС, ЦУК Берово.

Активирање на општискиот штаб како и превземање на мерки од страна на Општинскиот штаб и волонтери за гасење пожар на отворен простор на општина Берово, од ТППЕ Берово, Брзата помош од Здравствен дом Берово, ДПД Кочани и Пехчево, Дирекцијата за заштита и спасување и од Цивилната заштита на Република Бугарија

Штабот раководи  со целокупната активност во спроведувањето на мерките за заштита и спасување, силите за затита и спасување и ја прати равнотежата на развојот на состојбата и врз основа на проценката на ситуацијата презема конкретни мерки и активности.

Тимовите се ангажираат согласно постоечката состојба и по наредба на Командантот и началникот на штабот за заштита и спасување.

Тимовите од  соседните општини се вклучуваат во активностите за справувањето  со пожарот и се ставаат на расплагање на ПОЗС Берово.

ТППЕ интервенира со  тимовите и просторните сили од општината во потиснувањето на пожарот и евакуација на лица од објектот, кои не можат да гонапуштат објектот а  се  повредени користејќи притоа  сопствени  наменски  средства  и техника предвидени за  вакви настани.

Дирекцијата за заштита и спасување се вклучува во раководењето и командувањето, и подршка и со тимовите за брз одговор за гасење пожар со  возило, воздухопловите и друга опрема.

Цивилната заштита на Република Бугарија се вклучуваат во активностите за справувањето  со пожарот и се ставаат на расплагање на ПОЗС Берово, е дел од денешното сценарио на теренската вежба „РОДОП 2023“