ДЗС ПО Велес на 24.05.2023г. во 10 часот. организираше и оствари тренинг вежба за заштита и спасување од земјотрес,,Мал Мост Велес,, со тимот за брз одговор за спасување од поплави na ПОЗС Велес и тимот за брз одговр за прва медицинска помош ПОЗС Гевгелија,во соработка со Црвениот крст на ОО Велес,МВР СВР Велес и ТППЕ Велес.
Сценарието беше со тоа што во Велес го зафати силен земјотрес, а воедно погоден беше и Малиот мост со оштетување на потпорните држечки профили при што имавме заглавени неколку луѓе на самиот мост,како и запалено возило на паркингот.ТБО за спасување од поплави од Велес стигна најпрво и започна со спасување на луѓето со примарен пристап од мостот со непсреден контакт со потенцијалните жртви,пружање на прва помош,спремање на вертикален систем за спасување со јажиња,спуштање на повреден во чамец како и секундарен пристеп од вода со чамец,превемање на повредените од мостот и транспортирање на копно и предавање на првата медицинска помош,
Првата медицинска помош ја даваше ТБО од Гевгелија со соработка со Црвениот крст од Велес.Гаснењето на пожарот го обави ТППЕ од Велес со својата екипа.МВР СВР Велес го регулираше собракајот и многу помогна безбедно да помине возилото на Првата медицинска помош како и возилото на ТППЕ.
Вежбата зврши кога сите повредени беа на безбедно по укажаната тријажа, прва медицинска помош и транспорт до Медицински центар Велес.