22/09/2023

Ј А В Е Н    О Г Л А С

Дирекција за заштита и спасуваење на Република Македонија,врз основа на членовите 22,23,24,25,26, и 27 од  Законот за работни односи (,,Службен весник на РМ,, бр. 167/15-пречистен текст, 27/16, 120/18), а во врска со член 22 ст. 1  од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ бр.27/14, 199/14, 27/2016, 35/18 и 198/18), и Правилникот за систематизација на работните места на Дирекцијата за заштита и спасување бр.01-1902/2 од 28.06.2016 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на  работните места во Дирекцијата за заштита и спасување бр. 01-1902/5 од 14.10.2016 година,  бр. 01-625/1 од 20.02.2018 година,… бр. 01-61/19 од 05.12.2022 година, бр. 01-61/21 од 27.12.2022 година…01-51/1 од 04.01.2023 година, објавува:

Ј А В Е Н    О Г Л А С

за вработување на 5 (пет) лица во Дирекција за заштита и спасување на определено време до крајот на тековната фискална 2023 година

Дирекција за заштита и спасување на Република Македонија објавува оглас за вработување на 5(пет) лица преку засновање на работен однос на определено време за работните места:

I     Посебни услови кои треба да ги исполни кандидатот:

  1. Помлад референт за заштита и спасување од пожари и поплави, Подрачно одделение за заштита и спасување Прилеп, Сектор за оператива и логистика – 1 извршител

Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: вишо, средно економско, средно полициско или гимназија
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација V A  или ниво на квалификации IV степен според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование  
  • Работно искуство: со или без работно искуство во струката

Посебни работни компетенции

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење

 

Паричен износ на основна нето-плата: 20.175,00   денари за работното место под реден број 1

 

  1. Помлад референт за пополна на силите за заштита и спасување со персонал  МТС и опрема, Подрачно одделение за заштита и спасување Кичево, Сектор за оператива и логистика – 1 извршител

Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: Вишо, средно стручно или гимназија
  • Стручни квалификации Стручни квалификации: ниво на квалификација V A  или ниво на квалификации IV степен според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование  
  • Работно искуство: со или без работно искуство во струката

 

 

  • Посебни работни компетенции
  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење

 

Паричен износ на основна нето-плата: 20.175,00   денари за работното место под реден број 2

 

  1. Помлад соработник - евидентичар, Подрачно одделение за заштита и спасување Струга, Сектор за оператива и логистика – 1 извршител

Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: Безбедност, Правни науки,Образование
  • Стручни квалификации(VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредита според  ЕКТС или завршен VII/1 степен)
  • Работно искуство: со или без работно искуство во струката

Посебни работни компетенции

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

 

Паричен износ на основна нето-плата: 22.020,00 денари за работното место под реден број 3

  1. Координатор- пилот , Одделение специјализирани услуги со воздухоплови, Сектор за оператива и логистика – 1 извршител

Посебни услови:

  • Образование: Више, сообраќај и транспорт, одбрана, безбедност, организациони науки и управување (менаџмент)
  • Работно искуство: со или без работно искуство

Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  •  

          -    Да има или имал дозвола за професионален пилот PPL

            -    минимум 200 часови налет

          -   Активно познавање на англиски јазик

                  -   Да поседува возчка дозвола Б категорија

 

Паричен износ на основна нето-плата: 45.830,00 денари за работното место под реден број   4

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  1. Помлад соработник за развој на човечки ресурси, Одделение за управување со човечки ресурси– 1 Извршител

Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: општествени науки
  • Стручни квалификации (VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредита според  ЕКТС или завршен VII 1 степен)
  • Работно искуство: со или без работно искуство во струката

 

 Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

 

Паричен износ на основна нето-плата: 22.020,00   денари за работното место под реден број 5

 

II. Општи услови кои треба да ги исполни кандидатот:

  • да е државјанин на Република Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да е полнолетен
  • да има општа здраствена способност
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оргинална форма или копија заверена на нотар:

1.Доказ за државјанство на Република Македонија/оргинал

2.Доказ за општа здраствена способност/лекарско уверение оргинал

3.Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност/потврда/оригинал

4.Уверение/диплома за завршен степен на образование/оригинал или копија со нотарска заверка верно на оргинал

5.Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)/оригинал

6.Доказ за работно искуство (потврда од АВРМ и од ПИОМ)/оригинал

7.Доказ за познавање на комјутерски програми/потврда-сертификат/оргинал

8.Биографија

III. Распоред на работно време: Работни часови во неделата - максимум 40 работни часови, работно време со почеток меѓу 07,30-08,30 часот и крај на работно време меѓу 15,30-16,30 часот.

       Работни денови: од понеделник до петок

Потребната документација треба да се достави во затворен коверт на следната адреса: Дирекција за заштита и спасување на Р.М. на улица,, Васко Карангелески,, бр. 10 – Скопје, Касарна Гоце Делчев – Аеродром – Скопје(со назнака ,,За оглас за вработување за работна позиција бр...,,)

Пријавите со потребната документација се доставуваат исклучиво преку архивата на Дирекција за заштита и спасување или со препорачана пратка по пошта.

Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат.

Рокот за доставување на потребната документација е три (3) дена од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат (не сметајки го денот на самото објавување).

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2023 година.                                                                        

 

 

 

 

 

    

       ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

                                                                                                                Д И Р Е К Т О Р

                                                                                                              BEKIM MAKSUTI