22/09/2023

Учество во годишниот состанок на Управувачкиот Комитетет на INSARAG, Женева

На покана на Секретаријатот на  Меѓународната советодавна група за пребарување и спасување (INSARAG), Директорот на ДЗС Bekim Maksuti, за прв пат учествува на годишниот состанок на Управувачкиот Комитетет на INSARAG, што се одржува во Женева, во период од 24-26 април 2023.

Годинава, Управувачкиот Комитетет на INSARAG ќе се фокусира на одговорот на неодамнешните земјотреси во Турција и Сирија, како и катастрофите предизвикани од екстремните климатски промени.

Овие средби се дел од настанот „Неделите на хуманитарни мрежи и партнерства 2023 година“, кој ги обединува експертите за подготвеност и одговор на катастрофи.