Денеска свечено беше предадена радио-опремата донирана од Република Романија за Дирекцијата за заштита и спасување. Донацијата е дел од проектот насловен „Зголемување на оперативниот капацитет на Дирекцијата за заштита и спасување преку донација на добра и/или трансфер на експертиза со цел усогласување на националното законодавство со регулативите за итни случаи на ЕУ“, имплементиран во 2022 година од романската Агенција за меѓународна развојна соработка – RoAid.
Беким Максути, директор на Дирекцијата за заштита и спасување истакна дека донацијата е во износ од 12.000 евра и вклучува 20 радио-мобилни системи со предавател и со појачувачи со кои што може да се монтираат на самите возила кои ДЗС ги поседува, со цел зголемување на своите капацитети на терен во однос на справување со која било од елементарните катастрофи или друг вид на несреќи со кои што Дирекцијата согласно своите законски надлежности може да биде повикана, да понуди помош и да излезе на терен.