Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со Комората на психолози на РСМ со која има склучено меморандум за соработка, организираше и спроведе психолошка поддршка за припадниците на републичките сили за заштита и спасување како и ТБО за соодветните специјалности кои учествуваа во спасувачката мисија во Турција (Адијаман), по разорниот земјотрес што се случи во Турција и Сирија на 06.02.2023.год. Во организирање на целокупната активност која се спроведува и во ПОЗС Тетово и ПОЗС Струмица логистичка поддршка овозможи и Црвен Крст на РСМ на кој сме благодарни за исклучителната соработка.Истата активност е планирана да се спроведе и со припадниците на втората група спасители.
Припадниците на републичките сили за заштита и спасување и Тимовите за брз одговор работејќи во исклучително тешки услови,ја завршија спасувачката мисија докажувајќи ја својата професионалност и хуманост на највисоко ниво, на што ние како институција сме исклучително горди што ги имаме меѓу нас.