23/04/2024

Лампања за намалување на заканите при случај на земјотрес

Дирекцијата за заштита и спасување од 1 февруари 2023 година спроведе целомесечна превентивна кампања за намалување на заканите при случај на земјотрес во повеќе од 30 основни и средни училишта во државата. Вклучени беа речиси сите градови од земјата, со посебен акцент на оние кои се наоѓаат во 10 те потенцијално активни сеизмички зони.

Целта на кампањата беше да се зголеми вниманието и свесноста кај младата популација во однос на опасностите коишто може да произлезат во случај на земјотрес но и да се дадат основни насоки и препораки за тоа како да се самозаштитиме, да останеме колку што е можно побезбедни но и да помогнеме на другите кога е најпотребно. Покрај посета на училиштата, вработените од ДЗС остваруваа и работни состаноци со преставници на ЕЛС и Градоначалниците на општините кои беа опфатени во кампањата.

Освен едукативни презентации на учениците, им се поделуваа и флаери со прирачници преку кои може да се едуцираат за намалување на заканите од појава на земјотреси но и други природни непогоди и несреќи.

May be an image of 13 people, people standing and indoor