По примени известувања од полициското одделение во Ропотово и полициското одделение Кривогаштани, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување учествувал на терен при што на 02.03.2023 година во с. Браилово, општина Долнени е преземена вежбовна противпешадиска раскопувачко одскочна мина. На ден 05.03.2023 во селото Пашино Рувци, општина Кривогаштани е преземена артилериска(шрапнел) граната 75мм. Убојните средства се транспортирани и истите ќе се уништат во наредниот период во планираната акција на армискиот полигон „Криловак“.