По повод меѓународниот ден на Цивилна заштита,Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со повеќе субјекти организираше симулациска вежба „Земјотрес 2023“. Вежбата се реализираше во основното училиште Кузман Јосифовски-Питу. За успешното спроведување на сценариото беа заслужни тимот за брз одговор за спасување од урнатини при ДЗС, ППБ на Град Скопје, Црвениот Крст на РСМ, Комората на психилози, општина Кисела вода, и службите од Брза помош.
Спроведувањето на вежбата е цел примена на мерките за заштита и спасување евакуација,згрижување,прва помош,психолошка поддршка,пребарување на затрупани лица под плитки урнатини,противпожарна зашита. Ваков вид на вежби се од големо значење за сите учесници во системот за заштита и спасување,со што ќе се придонесе за поефикасен одговор во случај на природни непогоди и други несреќи.