Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-дин Беким Максути, денес реализираше работна средба со градоначалничката на град Скопје,г-ѓа Данела Арсовска, градоначалникот на општина Штип,г-дин Иван Јорданов и г-дин Зоран Вељановски, преставник од Министерството за финансии.
На работниот состанок присутните дискутираа во улога на членови на комисија за одобрување на набавка на противпожарна опрема и средства за гасење пожари за противпожарните единици.
Одлуката која што се донесе беше едногласна и согласно итните потреби и приоритетни побарувања на 14 општини и противпожарни единици на територијата на Република Северна Македонија.
Навремената и непрекината соработка во надлежната област значајно ќе ја зголемат ефикасноста на институциите во давање на успешен одговор во потребните ситуации.