08/12/2022

Изведена тактичко-показна вежба за евакуација и спасување при пожар на ученици и вработени

На ден 01.11.2022 во 14 часот во централното училиште ООУ,, Гоце Делчев" беше изведена тактичко-показна вежба за евакуација и спасување при пожар на ученици и вработени.
- По дојава за пожар во училиштето ТППЕ-Неготино интервенираше со 10 пожарникари и две противпожарни возила,каде за 1мин и 33 сек учениците и вработените беа евакуирани.
Оваа вежба беше во насока на едукативно и превентивно делување како во случај на пожар треба да се врши евакуација и како да се превземат сите неопходни чекори за заштита од пожар Најпрво за луѓето а потоа и на материјалните добра .Фанка Мингова Јанчева вработена во Подрачно одделение за заштита и спасување Неготино одржа кратка презентација за тие неопходни чекори кои што треба да ги преземат и знаат и учениците и вработените.
Вежбата беше успешно реализирана во соработка со:
ТППЕ-Неготино
Дирекција за заштита и спасување Подрачно одделение Неготино
Полициска станица - Неготино
Црвен крст-Неготино,
кои беспрекорно ја реализираа својата задача.