28/03/2024

Регионалните и прекуграничните проекти во доменот на управувањето со катастрофи

На покана од проф. д-р Влатко Шешов, директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, директорот на ДЗС, г-дин Bekim Maksuti учествуваше на завршната работилница на проектот CRISIS-Copmrehensive risk assessment of basic services and transport Infrastructure. Директорот Maksuti се обрати пред присутните, изразувајќи задоволство од соработката помеѓу двете институции, како и од имплементацијата на една вака важна активност, во спроведувањето на која учествуваа претставници од Северна Македонија и регионот.

Регионалните и прекуграничните проекти во доменот на управувањето со катастрофи, претставуваат платформи врз кои се градат отпорни и стабилни општества.